Францускиот клуб Лил го совлада актуелниот европски првак Реал Мадрид со 1-0 во второто коло од ЛШ. „Кралскиот“ клуб не бешеа на потребното ниво, а Лил тоа знаеше да го искористи и оствари историски успех.

Стрелец на победничкиот гол беше Џонатан Дејвид од пенал во 45.минута, откако Едуардо Камавинга играше со рака во шеснаесетникот.

  • Лил – Реал Мадрид 1-0: 

Европскиот шампион настапи без Килиан Мбапе во првиот состав (влезе во вториот дел) и прикажа прилично бледо издание на гостувањето кај Лил, кој важеше за голем аутсајдер во пресрет на натпреварот.

Реал Мадрид се обидуваше во вторито дел да се врати во игра, но не успеа, домаќините ја задржаа предноста.

Бенфика со неверојатни 4-0 го победи Атлетико Мадрид. По еден гол дадоа Актуркоглу, Ди Марија, Бах и Кокчу.

 

Ливерпул со головите на Мекалистер и Салах ја победи Болоња со 2-0.

 

Клуб Бриж со 1-0 победи на гостувањето кај Штурм во Грац.

Динамо Загреб имаше водство од 2-0 против Монако, со головите на Сучиќ и на Батурина, но Монако на крајот успеа да стигне до 2-2. Израмнувачкиот гол го постигна Денис Закарија од пенал во 90.минута. Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери во тимот на Динамо.

Лајпциг загуби дома од Јувентус со 2-3, иако италијанскиот тим играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Ди Грегорио. Душан Влаховиќ беше двоен стрелец за „старата дама“, а победничкиот гол го постигна Чико Консеисао. Бењамин Шешко погоди двапати за Лајпциг, а Елиф Елмас остана на клупата за резерви.