Многу фудбалски гиганти поминаа лошо во Лигата на шампионите, Баерн Минхен кој му даде девет гола на Динамо загуби на гости кај Астон Вила со 1-0, со тој резултат Лил го совлада Реал Мадрид, Бенфика со неверојатни 4-0 славеше над Атлетико Мадрид.

Астон Вила одигра фантастичен натпревар пред своите навивачи и заслужено се радуваше на победа во Лигата на шампионите. Клучниот момент се случи во 79. минута кога Дуран постигна прекрасен гол за победа од 1-0.