Динамо Загреб беше блиску до победа против Монако, водеше со 2-0, но не успеа да триумфира, одигра 2-2. Елиф Елмас од клупата го следеше поразот на Лајпциг од Јувентус од 3-2.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа стартери за Динамо Загреб на мечот против Монако. Ристовски го одигра целиот натпревар, а Адеми беше заменет во 63. минута.
Динамо Загреб поведе во самиот финиш од првиот дел со гол на Сучиќ, а Батурина со прекрасен погодок од далечина во 66. минута зголеми на 2-0.
Монако со гол на Салису во 74. минута успеа да намали на 2-1 и да се врати во игра, а во 90. минута Закарија беше стрелец од пенал за конечни 2-2.
Елиф Елмас остана на клупата за резерви на мечот меѓу Лајпциг и Јувентус, а неговите соиграчи испуштија предност со фудбалер повеќе.
Мечот почна одлично за Лајпциг, со гол на словенецот Шешко во 30. минута поведоа со 1-0, тоа беше резултатот по првиот дел.
По пет минути игра во вториот дел Душан Влаховиќ го изедначи резултатот, а само девет минути подоцна Ди Грегорио доби црвен картон, Јувентус остана со играч помалку.
Шешко реализираше пенал, негов втор гол за водство на Лајпциг од 2-1, сите очекуваа победа, но следуваше шоу на Јуве.
Најпрво Влаховиќ постигна прекрасен гол за 2-2, а во 82. минута минута гол даде Консеисао за комплетен пресврт и победа на Јувентус од 3-2.