Интер триумфираше на „Алијанц арена“ со 1:2 над десеткуваниот Баерн Минхен.

Поради голем број на повреди Компани имаше потешкотии при составот на тимот а Интер на драматичен начин дојде до голема победа.

Гостите од Милано дојдоа до водство со чудесниот гол на аргентинскиот ас Лаутаро Мартинез во 38 минута асистент беше Тирам, а претходно голема шанса имаше Хари Кејн.

Интер ја чуваше предноста, а имаше шоу во финишот. Драмата дојде од 85. минута па натаму. Прво, ветеранот Томас Милер успеа да погоди за израмнување на 1-1, но радоста траеше кратко, затоа што во 88. минута по една контранапад Карлос Аугусто го проигра  Фратези кој ја затресе мрежата на Баерн и му донесе победа на италијанскиот првак пред реваншот во Милано.