Наби од пенал во 10. минута им донесе водство на гостите, додека АЕК Ларнака до пресврт дојде дури во второто полувреме.
Гама најпрво во 60. минута погоди за 1-1, а потоа Тричковски доби одлична топка во казнениот простор на Шишковски и без проблеми го матира за конечни 2-1.
Ова е трета победа по ред за АЕК со која се искачи на шестото место и има 29 бодови, односно шест помалку од АПОЕЛ, додека Докса е последна со само четири бода.