Екипата на Виљареал во последните минути се избори за триумф на гостувањето кај Ваљадолид (1-2) во единаесеттото коло од шпанската Примера.

„Жолтата подморница“ беше подобра и сосема заслужено го оствари шестиот триумф со кој се проби на третата позиција на табелата. Стрелци за гостинскиот тим беа Тиерно Бери и Ајозе Перез, додека единствениот гол за домашниот тим го постигна Мамаду Сила во 60. минута.

Виљареал сега има 21 бод, додека Ваљадолид останува на само две победи во тековната сезона и ја зазема 18. позиција на табелата.