Чави Ернандез синоќа против Кадиз на клупата на Барселона го запиша својот јубилеен 30. натпревар. Неговиот ефект изгледа вака:
– 30 натпревари,
– 16 победи,
– 8 нерешени,
– 6 порази.
Чави во моментов има само 53,33% добиени натпревари на клупата на Барселона (16/30), што е најниско од сите тренери на каталонскиот тим уште од сезоната 2001/02. и Карлес Рексач. За споредба, претходникот на Чави, Роналд Куман забележа скор од 58,21% победи во првите 30 натпревари.
За потсетување Барселона со Чави на клупата беше елиминирана од Лигата на Шампиони од Бенфика , од Лигата на Европа од Ајнтрахт Франкфурт , од Шпанскиот куп од Атлетик Билбао како и од Шпанскиот Суперкуп од тимот на Реал Мадрид . Кога го презеде клубот , Барселона во Ла Лига заостануваше зад лидерот Реал Мадрид 12 поени , а во моментов разликата е 15 поени , но со еден натпревар одигран помалку од ривалот .