Францускиот стопер Жул Кунде од Севилја веќе подолго време е главна цел на Челси, но сега се чини дека е најблиску до Барселона. Шпанските медиуми пишуваат дека каталонскиот клуб е подготвен да го испрати Мемфис Депај во Севилја, за да ја намали потребната парична отштета за ангажманот на Кунде.

Тимот од Андалузија бара најмалку 65 милиони евра за одличниот дефанзивец, а Чави Хернандез и раководството на Барселона смислија план да го испратат Холанѓанецот Депај и да доплатат 45 милиони евра.

Се чека одговорот на Севилја, но исто така и ставот на Мемфис Депај дали би сакал таму да ја продолжи кариерата.