Фудбалерот на Интер, Иван Перишиќ, се наоѓа на списокот на желби на менаџерот на Челси, Томас Тухел. Тој во минатото беше цел и на Арсенал и Тотенхем, а сега во игра сериозно влегува и Челси.
Перишиќ има договор со Интер до крајот на актуелната сезона, а европскиот првак има проблеми на левата страна по повредата на Бен Чилвел. Сега Маркос Алонсо е единственото природно решение на позицијата лев бек.
Интер е подготвен да ја разгледа понудата на Челси за 32-годишниот фудбалер кој на лето би можел без обештетување да го промени клубот.
Перишиќ играше на левата крилна позиција и кај поранешниот тренер на Интер, Антонио Конте, а остана прво решение и под водство на актуелниот тренер на Интер, Симоне Инзаги.