Лестер сити славеше на незгодното гостување кај Евертон со 2-0 во 15. коло од англискиот шампионат.
„Лисиците“ беа подобар тим на теренот, па постигнаа по еден гол во двете полувремиња и тоа им беше доволно да освојат нови три бода. Првиот погодок беше дело на Јури Тилеманс во 45. минута, додека триумфот го потврди Харви Барнс во завршницата од натпреварот.
Лестер со новата победа се искачи на 13. позиција и има 14 бодови, додека исто толку поени има Евертон, но поради полоша гол-разлика е на 15. место.