Екипата на Челзи по голема борба дојде до триумф над Брајтон со победата од 3-2. Публиката на „Стемфорд Бриџ“ имаше причини за големо задоволство, бидејќи нивните миленици одиграа маестрален натпревар, иако од 45. минута играа со играч помалку. Галагер заработи втор жолт картон пред крајот на првиот дел при 2-1. Стрелци на головите за „сините“ беа Енцо Фернандез од пенал и Леви Колвил, додека Буенаноте погоди за Брајтон.

Во второто полувреме домашните создадоа уште 2-3 одлични шанси и покрај бројчаната негатива на теренот, а круната на иницијативата дојде во 65. минута, кога Енцо Фернандез шутираше прецизно од белата точка, постигнувајќи го својот втор гол на натпреварот. До крајот на натпреварот Брајтон успеа само да го намали водството на Челзи со голот на Жоао Педро во 92. минута (3-2).

 

На останатите натпревари, Вест Хем и Кристал Палас ги поделија бодовите со реми 1-1, додека Астон Вила во самиот финиш се избори за бод и ремизира со 2-2 на гостувањето кај Борнмут.