Фудбалерите на Фулам гостуваа во Борнмаут во 44. коло од Чемпионшип, а српскиот напаѓач Александар Митровиќ стигна до нов гол.
Неверојатната сезона се ближи кон крајот, а најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација продолжува да воодушевува.
Митровиќ против второпласираниот тим на табелата Бурнмаут постигна нереален 41ви гол сезонава. Фулам сепак не дојде до три бода бидејќи домашните израмнија од пенал во 95. минута (1:1).
Митровиќ на тој начин е на само два гола до соборување на рекордот во Чемпионшип, кој изнесува 42 гола во една сезона.