Фудбалерите на Зенит пред вчерашниот натпревар против Ростов излегоа на теренот со необично друштво. Носеа кученца во раце.
Тоа беше хуман потег како дел од акцијата за посвојување животни од локално прифатилиште. Играчите беа воодушевени, со широки насмевки на лицата, иако на некои им беше потешко бидејќи кучињата што ги носеа веќе доста пораснаа.
Иако веројатно за прв пат се најдоа пред толку публика, кученцата не изгледаа исплашено.
Зенит лошо го почна мечот, па по 25 минути игра губеа со 2-0 од Ростов. Со два гола Клаудињо спаси барем бод и одигра 2:2.