Екипата на Струга е есенски шампион на Македонија, а Вардар освои три големи бодови против Тиквеш!
На првото место ќе презими Струга која со гол во судиското продолжение ја победи Брегалница со 2-1. Шампионот водеше со гол на Компаоре рано во дуелот, изедначи Велкоски на 20 минути пред крајот, а домаќините во завршниот дел дадоа уште еден гол за триумф и три бода, стрелец повторно беше Компаоре.
Вардар освои три големи бода откако со 2-0 го победи Тиквеш на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Глишиќ во средината од првиот дел донесе водство за Вардар од 1-0, а во финишот од мечот Велковски погоди за победа од 2-0.
Шкупи со 1-0 победи на гостувањето кај Брера во Струмица со голот на Трапановски.
Шкендија го совлада Силекс со 3-1. Херој на тетовскиот тим беше Аганспахиќ кој беше стрелец на два гола, Тотре погоди еднаш. Погодокот за кратовскиот тим беше дело на Ѓорѓиевски од пенал.
Најмногу голови имаше во Охрид каде Воска со 3-2 го победи Работнички. Домаќините со голови на Јахији и Марушиќ имаа водство од 2-0, но романтичарите преку Гандо и Тодоровски успеаја да се вратат и да изедначат на 2-2. Сепак во самиот финиш домаќините дадоа и трет гол и стигнаа до победа со 3-2.
Резултати 18. коло:
Брера – Шкупи 0-1
Вардар – Тиквеш 2-0
Шкендија – Силекс 3-1
Воска – Работнички 3-2
Струга – Брегалница 2-1