Роналдињо беше лидер на својот тим и за противници имаше познати имиња како Јусеин Болт, Џани Инфантино, Гонзало Игуаин и Диего Годин, но тоа не му претставуваше проблем уште еднаш да ја презентира својата магија.
Имаше додавања со пети, атрактивни потези, изнудени пенали и голови што беше само дел од репертоарот кој го понуди Роналдињо на ревијалната средба, а јужноамериканците брзо направија компилации од неговата претстава.
Легендарниот Роналдињо одамна е пензиониран и повремено знае да се појави на вакви настани, па иако има придодадено значителен број на килограми, магијата не може да ја загуби.
Бразилецот има 43 години и се соочува со доста проблеми во приватниот живот и можно одземање на имот, но кога е на фудбалскиот терен секогаш му се враќа насмевката, па така беше и овојпат.
https://twitter.com/i/status/1733505550808191059