Фудбалерите на белградска Црвена Звезда го совладаа Младост Лучани со 3-1 на стадионот „Рајко Митиќ“ во 18. коло од српската Суперлига.Со овој триумф испишаа историја за „црвено-белите“ затоа што стигнаа до светски рекорд по број на натпревари без пораз на домашен терен.

Екипата на Црвена звезда сега има 122 и го остави Реал Мадрид на второто место со 121.

Катаи од пенал ја доведе Црвена Звезда во водство, но израмни брзо Сремчевиќ.

Мијатовиќ и Хванг во второто полувреме донесоа триумф за Црвена Звезда.