Манчестер јунајтед по шест минути игра поведе со 1-0 на гости кај Нотингем форест, а голот што го постигна Маркус Рашфорд е посебен.

М.Јунајтед му гостува на Нотингем во полуфинале од Лига Купот. Тимот на Тен Хаг тргна одлично во мечот.

Рашфорд ја зема топката на својата половина и тргна кон голот на противникот како брз воз, ги помина дефанзивците кои му застанаа на патот и ја погоди мрежата на Нотингем, за водство на “црвените ѓаволи” од 1-0.