Желбата на браќата Бабунски конечно им се оствари, откако двајцата добија повик за настап за Македонија, на претстојниот бараж натпревар со селекцијата на Италија.
Нашата најдобра фудбалска селекција кон крајот на март ја чека еден од најважните натпревари во историјата, а клубот на Доријан и Давидинформираше дека селекторот Милевски испрати повик до фудбалерите на Дебрецен, кои играат во одлична форма во овој период.
Повозрасниот брат, Давид веќе ја вкуси убавината да се носи репрезентативниот дрес и досега настапи на девет натпревари, додека Доријан сè уште чека на своето деби.
Македонија против Италија ќе се сретне на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, на 24 март.