Отаменди е познато име во светот на фудбалот, настапува за Бенфика каде пристигна за 15 милиони евра по пет сезони поминати во Манчестер Сити.
Пред два месеци го освои Светското првенство во Катар со Аргентина, а после тоа изјави дека постигнал се за што сонувал во кариерата и дека може мирно да се пензионира.
Бенфика се подготвува за осминафиналната пресметка од ЛШ против Клуб Бриж и според многумина се фаворити за пласман во следната рунда.
Фудбалерите на Бенфика вчера го одработија последниот тренинг пред патувањето во Белгија, а главна тема беше токму Отаменди, бидејќи никој не можеше да поверува што изведе Аргентинецот.
Тој постигна неверојатен гол со пета на тренинг и не можеше да поверува дека направи таква мајсторија.