Дарвин Нуњез требаше да биде големо засилување за Ливерпул, кој плати 80 милиони евра за неговите услуги, меѓутоа напаѓачот игра како да е проколнат и веќе промаши 15 зицери оваа сезона.

Уругваецот промаши 15 големи шанси и тоа скапо го чини поранешниот шампион, кој во моментов е на лоша позиција и го очекува тешка битка за топ-4 до крајот на сезоната.

Нуњез често добива критики од навивачите, а наскоро се очекува да ја загуби позицијата во првиот тим бидејќи се очекува да се вратат Диого Жота и Луис Дијаз, но исто така и Коди Гакпо.