Се одиграа уште два натпревари од баражите на африканската квалификациска зона за Светското првенство во Катар. Алжир славеше во Камерун со минимален резултат, а истато го направи и Тунис на гостувањето кај Мали.

Во едно од дербијата од баражот на африканската зона од квалификациите за Светското првенство во Катар, Камерун го пречека Алжир. На крајот Алжир ја доби првата рунда, а сега во реваншот на домашен терен доволно е да избегне пораз за да обезбеди место на планетарниот настан.

Натпреварот во Лимбо беше решен во 40. минута. Ислам Слимани ја затресе мрежата и им донесе предност на гостите. Алжирците успеаја да ја задржат предноста до самиот крај и да стекнат голема шанса за пласман на Мундијалот.

https://www.youtube.com/watch?v=qBSsiPqefGU

Мали го пречека Тунис и го помина исто како и Камерун. До минимална победа дојде и втората репрезентација од северот на континентот. Целосен трагичар беше Муса Сисоко. Тој најпрвин си постигна автогол во 36. минута, а потоа четири минути подоцна доби црвен картон. Мали со 10 играчи не успеа да избегне пораз, но ако може да се задоволи со нешто, тоа е фактот дека има само минимално заостанување.

https://www.youtube.com/watch?v=6pJVnMl3bMo

Реваншите во Алжир и Тунис се закажани за вторник.