Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски постигна гол во победата на Болуспорт против Тузласпор (2-1), со што неговата екипа остана во игра за пласман во турската Суперлига.
Аврамовски стрелаше во 10. минута од натпреварот, по што Тузласпор до крајот на првото полувреме израмни преку Мамба. Сепак, победата за гостите ја обезбеди Улас на истекот на регуларните 90 минути.
Болуспор се наоѓа на шестата позиција со 36 бодови, односно на позиција која води во четвртфиналето на разигрувањето за пласман во повисок ранг.
https://twitter.com/i/status/1758806831948849192