Рома загуби на „Олимпико“ од Сасуоло со 3-4 и тоа е прв пораз за екипата на Жозе Мурињо на домашен терен во Серија А по четири месеци, откако последниот пораз го доживеа од Лацио на 6 ноември.
Сасуоло од 13 до 18 минута постигна два гола преку Лориент и ја шокира Рома. Залевски намали на 1-2 во 26. минута, меѓутоа проблемите за тимот на Мурињо почнаа по црвениот картон на Кумбула пред крајот на првиот дел.
Доменико Берарди од пенал зголеми на 3-1 за Сасуоло. Паоло Дибала повторно ја врати Рома во живот со погодок во 51. минута, но надежта им ја урна Пинамонти во 75. минута со што повторно донесе два гола предност за Сасуоло. Во завршницата од дуелот Вајналдум погоди за 3-4, но веќе беше доцна за спас на Римјаните.
Рома има 47 бодови и се наоѓа на делба на четвртата позиција со Милан, додека Сасуоло е на 12. место со 33 бода.