Фрајбург повторно се врати во топ-4 во германската Бундеслига, откако денеска триумфираше против Хофенхајм со 2-1.
Игештајн во петтата минута ги израдува донесе водство, откако го матира голманот на Хофенхајм за 1-0, по што гостите израмнија преку Стилер на стартот на второто полувреме.
Победоносниот гол на Фрајбург се чекаше до 89. минута, кога Доан погоди за 2-1 со што му донесе три бода на домашниот тим.
Фрајбург се наоѓа на четвртата позиција со 45 бодови, додека Хофенхајм е последен со 19 бода.