Тренерот на РБ Лајпциг, Џеси Марш, го обвини судијата Андреас Екберг дека сакал автограм од ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар, по ремито 2-2 меѓу двата тима во средата во Лигата на шампионите.
Марш беше казнет со жолт картон во првото полувреме од натпреварот, поради гласните протести против одлуките на Екберг.
Лајпциг поведе рано на натпреварот, пред ПСЖ да одговори со двата гола на Гини Ејналдум. Но, Доминик Шобошлаи погоди од пенал во судиското надополнување за да обезбеди бод за германскиот тим.
Зборувајќи по натпреварот, Марш рече: „Имам впечаток дека судиите одлучуваат во корист на големите наместо на малите тимови“.
„Тешко е да се добие почит од судиите. Се чинеше дека судијата сака автограм од Нејмар“.