Новак Ѓоковиќ без борба се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, откако Французинот Гаел Монфис му го предаде мечот. Можноста тоа да се случи претходно беше споменато бидејќи Монфис заработи повреда, но Французинот реши да се предаде непосредно пред почетокот на натпреварот.
Следен ривал на Новак ќе биде победникот од дуелот меѓу Камерон Нори и Тејлор Фриц. Да потсетиме, Ѓоковиќ беше слободен во првото коло, додека во второто коло по тежок натпревар го совлада Унгарецот Мартон Фучович со 6:2, 4:6, 6:3.
Ѓоковиќ досега шест пати во календарската година ја завршуваше како најдобриот тенисер на светот, а ќе го заврши и седми пат само доколку се исполни една од овие шест варијанти:
– Ако ја освои титулата во Париз
– Ако стигне до финалето, а Медведев не го освои турнирот
– Ако стигне до полуфинале, а Медведев не стигне до финале
– Ако стигне до четвртфинале, а Медведев не стигне до полуфинале
– Ако победи во 3. коло, а Медведев не стигне до полуфинале
– Ако Медведев не стигне до четвртфиналето, без разлика како стигнал таму.