Хрватскиот тенисер Борна Чориќ, кој сензационално го елиминира Рафаел Надал на стартот од мастерсот во Синсинати, продолжува со добрите игри на овој турнир, откако синоќа совлада уште еден Шпанец и тоа Роберт Баутиста-Агут (6-2, 6-3).
Тој во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Феликс Оже-Алијасим, кој по голема борба го совлада Јаник Синер со 2-1 во сетови (2-6, 7-6, 6-1). Меѓу осумте најдобри на последниот турнир пред „Ју-Ес опен“ се пласира и Карлос Алкараз, кој го совлада Марин Чилиќ со 7-6, 6-1. Шпанецот за пласман во полуфиналето ќе ги одмери силите со Камерон Нори, кој го декласира Бен Шелтон (6-0, 6-2).
Во четвртфиналето во Синсинати се пласира и грчкиот тенисер Стефанос Циципас и тоа со победата над Диего Шварцман (6-3, 6-3).