Тој на осминафиналниот дуел против Артур Фис го повреди колкот, а неговата лекарска екипа и покрај големите напори не успеа да го санира овој проблем. Австралиецот дал се од себе и до последен момент се обидувал да се подготви за мечот, но болките не му го дозволиле тоа. Новак имаше слична ситуација на Ролан Гарос, кога поради повреда на коленото мораше да се откаже од мечот против Каспер Руд.
Ѓоковиќ на овој начин доби дополнителен ден за одмор и сега го чека дуелот меѓу Лоренцо Музети и Тејлор Фриц а победникот ќе му биде противник за место во финалето. Во вториот дел од костурот, во полуфиналето ќе играат Карлос Алкараз и Данил Медведев.