Младата ракометна репрезентација на Македонија моќно го отвори ЕП во Словенија, откако ѝ одржа вистинска лекција на соодветната селекција на Црна Гора и со победа од 21-31 ги освои првите бодови во групата А.
Нашите надежи фантастично го отворија денешниот дуел, на кој имаа и поддршка од македонските фанови. Мирче Калајџиески беше вистински лидер во нападот и нерешлива енигма за противникот. Во воведните минути младиот член на Еурофарм Пелистер 2 постигна четири гола и беше најзаслужен за брзото одлепување на нашата селекција.
Македонија на пауза замина со предност од седум гола (5-12).
Избраниците на Раде Стојановиќ играа квалитетно и сигурно и во второто полувреме, па беше прашање со која разлика ќе победиме. Во поголемиот дел од вториот дел имавме предност од шест до осум гола, но во финишот извојувавме триумф од десет гола (21-31). Узунчев со осум гола беше најпрецизен во нашиот табор, а по пет имаа Шубашевски и Калајџиески,
Во следното коло, в четврток, играме со Хрватска, додека последниот натпревар од групната фаза против Австрија, на 13 јули.