Унгарскиот гигант беше подобар противник во најголем дел од првото полувреме и имаше водство од 8-6, но Порто успеа до полувреме да го сврти мечот во своја корист и да поведе со 15-14.
Португалскиот тим го отвори вториот дел со два гола и избега на 17-14, а потоа ја одржуваше предноста до самата завршница, кога се случи вистинска драма на теренот. Порто во последната минута од дуелот влезе со водство од еден гол (28-27), меѓутоа Ненадиќ на 40 секунди до крајот погоди за 28-28.
Во екипата на Митревски најдобри беа Валдес и Салина со по четири гола, додека Ненадиќ и Мае стрелаа по шест пати за домаќинот.
На последниот меч, кој се играше во истиот термин, Алборг славеше против Мешков Брест со 33-30