Српските ракометари загубија од Хрватска со 23:20 (11:9) во второто коло од групата Ц на Европското првенство. Во вториот натпревар од групата Франција беше убедлива против Украина – 36:23.
Франција моментално има четири, Хрватска и Србија по два бода, додека Украина нема бодови. Одлуката за тоа кои селекции ќе играат во главната рунда од натпреварувањето ќе падне по последното коло.
„Тежок пораз. Верувавме дека можеме да стигнеме до победа, се боревме, но неколку грешки и донесоа предност на Хрватска која објективно одигра подобро. Жал ми е за навивачите кои дојдоа да не поддржат. Ќе се обидеме да се искупиме во последното коло против Франција. Ќе биде тешко, но не се откажавме од пласманот во главната рунда од натпреварувањето“, истакна по мечот Дарко Ѓукиќ.