Селекторот на машката репрезентација на Македонија, го одреди ростерот на ракометари што ќе бидат дел од Медитеранските игри во Оран.

Во Алжир вечерва во 23:00 часот ќе патуваат 16 ракометари, а оние што се појавија на подготовки отпаднаа од комбинација Цветан Кузманоски, Иван Галевски, Теодор Тодески и Емилијан Ѓорговски.

Македонија се наоѓа во групата Б и ќе игра против јужниот сосед, Шпанија, домаќинот Алжир и Турција.

Првиот натпревар се игра на 28 јуни против јужниот сосед.

Состав на Македонија

Голмани: Марко Кизиќ, Васил Гогов
Леви крила: Петар Атанасијевиќ
Леви бекови: Павле Атанасијевиќ, Михајло Младеновиќ
Средни бекови: Игор Ѓоргиев, Иван Џонов, Марко Митев
Десни бекови: Томислав Јагуриноски, Михаил Иваноски, Мартин Серафимов
Десни крила: Ненад Костески, Александар Петковски
Пивоти: Костадин Петров, Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ