Еурофарм Пелистер го одбрани трофејот во Супер купот откако во драматичен меч во Охрид го победи Вардар со 23-22 (12-12). Последниот удар на Вардар заврши во голманот Марко Кизиќ кој му донесе нов трофеј на тимот. Вардар најави дека има сисли да се бори со битолчани сезонава, бидејќи во голем дел од натпреварот има водство.
Урбан Лесјак за осум минути собра пет одбрани, но Вардар преку Стоилов прв стигна до предност од „плус 2“ за водство 5-3 во 11 минута. Словенечкиот голман не дозволи Вардар да се одлепи, ама во нападот битолчани исто така не беа прецизни. Иако со само две ротации во напад и одбрана, вардарци одлично се носеа и не само имаа позитивен резултат туку истовремено успеаја да водат.
Водството на тимовите се менуваше брзо, па Вардар преку Куни Моралес со два гола по ред го сврет“ резултатот и сега „црвено-црните“ водеа со 7-6, во 19 минута. Битолчани можеа лесно и брзо да направат водство, но контрата на Цветан Кузмановски ја сопре Мартин Томовски. Сепак во вториот напад, Жарко Пешевски зголемува на 8-7. Куни Моралес доби исклучување по фаулот над Танкоски, а бекот на Еурофарм Пелистер исто така остана на клупата поради приговор.
Еурофарм Пелистер повторно ги користи грешките на Вардар во напад, на на нивните загубени топки возвратија со голови, а Хосни Усама со погодот од “гол на гол“ му донесе предност на Пелистер од 10-8, кој првпат на средбата имаше позитива од два гола. Потоа и 11-9, и шанса да „избегаат“ на три гола по пробивањето на Карапалевски, но на спротивната страна и битолчани направија грешка па Вардар доби нова шанса да намали.
И не само што намали туку набрзина Вардар и израмни, на 11-11 со контрата на Манасков, на пет минути до крај на полувремето. При водство 12-11 Мартин Томовски го одбрани пеналот на Жарко Пешевски, но одбиената топка повторно дојде до рацете на пивотменот на Еурофарм Пелистер и реализираше за ново израмнување, 12-12. Последниот напад го имаше Вардар, но резултатот остана непроменет.
Вториот дел почна со промашување на Вардар и гол на Еурофарм Пелистер, а по новото промашување на шампионот битолчани поведоа со 14-12. На брзина Вардар направи три грешки по ред кои ривалот ги искористи и првпат поведе со „плус 3“ за 15-12 во 34 минута. Причина тренерот Владо Недановски веднаш да побара тајм аут и да се обиде да корегира во играта, особено во нападот кој не ги реализираше шансите.
Советите брзо вродија со плод, и со два гола по ред Вардар повторно се врати во игра и намали на 14-15. Обидот за израмнување на Куни Моралес заврши во стативата. Но, Дејан Манасков не пропушти да реализира и да го израмни резултатот на 15-15. Сега Вардар диктираше а Еурофарм Пелистер грешеше. Филип Талески со 6 гол намечот зголеми на 16-15. По нова одлична одбрана, во контра Манасков изнуди исклучување на Хосни, но Талески направи потоа чекори.
Осум минути траеше „постот“ на Еурофарм Пелистер пред Усама да намали на 17-16. Брзо се менуваат работите, па битолчани израмнија на 17-17. Сега на голот на Вардар застана Борко Ристовски менувајќи го Мартин Томовски. На спротивната страна на местото на Лесјак влезе Марко Кизиќ.
Симултанката на Филип Талески продолжи и со три гола по ред му донесе водство на Вардар од 20-18. На десет минути до крај Дејан Манасков зголемува на 21-19 најавувајќи незвесна завршница во Охрид. Борко Ристовски имаше две успешни одбрани, но во напад тоа Вардар не го искористи, па битолчани намалија на 21-20 во 53 минута.
Иако Ристовскии маше две одбрани, а Вардар водство 22-20 предноста на скопјани се стопи и Жарко Пешевски во 56 минута израмни на 22-22 најавувајќи неизвесност и драма во Охрид. Вардар следниот напад под закана за пасивна игра не го реализираше, ама на спротивната страна Борко Ристовски по четврти пат успешно одбрани давајќи му шанса на својот тим повторно да поведе. Но, Марко Кизиќ го одбрани ударот и на 90 секунди до крај им даде нова надеж на соиграчите. Ларс Валтер побара тајм аут со совети како во следните секунди да се игра.
Суси во последната минута му донесе водство на Еурофарм Пелистер од 23-23. Сега Вардар мораше да брка, а на 22 секунди до крај Недановски го искористи последниот тајмаут. Последниот удар на Талески го одбрани Кизиќ, за радоста на битолчани.