Данска, Шпанија и Шведска ќе играат во полуфиналето на Европското првенство во ракомет, а денеска со спектакуларна победа над Норвешка изборија пласман во следната фаза. Четвртиот учесник ќе го дознаеме по утрешните натпревари.

Шанси за пласман имаат Франција и Исланд.

Шведска денеска на решавачкиот меч за тоа кој ќе оди во полуфинале испиша историја и со чудесен пресврт ја победи Норвешка со 24:23 откако губеше дури пет гола на четири минути до крајот на мечот. Швеѓаните постигнаа серија голови и на крајот успеаја да се пласираат во следната фаза.

Норвешка имаше шанса за реми и со тоа да обезбеди пласман во полуфинале но Сагосен не успеа да погоди.