Германскиот скијач Линус Штрасер победи на традиционалниот ноќен слалом во Шладминг, Австрија, каде видовме уште еден слалом-рулет во кој најдобрите од првото возење, Швеѓанецот Јакобсен и Италијанецот Разоли, не стигнаа до целта, а Австриецот Мануел Фелер од 28-то место дојде до третото место .
Лани Линус Штрасер ја постигна првата победа во слалом во Светскиот куп во Сљеме, а денес ја прослави на легендарната патека Планаи во Шладминг, каде последен германски победник беше Армин Битнер, кој таму славеше во 1990 година.
Штрасер стана шестиот различен победник во шестиот слалом во сезоната со две изедначени возења. Тој имаше петто време во првото и шестото време во второто, што беше доволно за да го надмине 21-годишниот Норвежанец Атл Ли Мекграт за три стотинки со вкупно време од 1:46.00 минут , кој после тешката поивреда дојде до победнички подиум во слаломските трки.
Најголемиот подвиг во второто возење го направи Австриецот Мануел Фелер, кој едвај се пласираше меѓу 30-те најдобри, а потоа со убедливо најдоброто време во второто возење од 28. место се најде на третото место и со тоа ја разубави инаку ужасната вечер на локалните скијачи. Тоа за него е 13-ти подиум во кариерата, а петти сезонава, но само втор во слалом.
За ваков расплет придонесоа и лошите настапи на најдобрата четворка од првата трка. Французинот Клемент Ноел го освои само деветтото место, Лукас Браатен беше 12-ти, а првите двајца не стигнаа ниту до целта. Џулијано Рацоли ја „закачи“ вратата на средината на патеката, а несреќниот Швеѓанец Кристофер Јакобсен, кој брилираше во првото возење, заглави на третата врата во второто возење и со тоа ја пропушти најголемата можност за прва победа во кариерата. .
Лукас Браатен остана лидер во поредокот за слалом за Малиот кристален глобус со 257 бодови, а го следи Себастијан Фос-Солеваг со 220.
Севкупно, лидер на Светското првенство е Швајцарецот Марко Одермат со 1200 бодови, додека на второто место е Александар Омод Килде со 825.
СК Шладминг, Слалом (м)
1. Линус Штрасер (Германија) 1: 46.00 мин
2. Атле Ли Мекграт (Нор) +0,03
3. Мануел Фелер (Аут) +0,39
4. Хенрик Кристоферсен (Нор) +0,42
5. Алекс Винацер (Ита) +0,43
6. Себастијан Фос-Солеваг (Нор) +0,45
7. Томазо Сала (Ита) +0,61
8. Александар Хорошилов (Рус) +0,62
9. Клемент Ноел (Фра) +0,63
10. Тангуј Неф (Шви) +0,64