Мароканските фудбалери се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации.

Тие го совладаа Малави со 2:1 по пресврт.

Манго постигна гол во седмата минута од натпреварот и навести потенцијално големо изненадување. На 1:1 израмни Ен Несири во 45 минута , а победата на Мароко му ја донесе Ашраф Хакими , кој  постигна прекрасен гол од слободен удар во 70 минута.

Така тој стана првиот играч по 2008 година и Џереми кој постигнал два гола од слободен удар на Африканскиот куп на нации.

Мароко во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Брегот на Слоновата Коска и Египет.

Веќе се познати два четвртфинални пара и тоа Буркина Фасо – Тунис и Гамбија – Камерун, додека Сенегал ќе игра против подобрата селекција од дуелот Мали – Екваторијална Гвинеја.

https://www.youtube.com/watch?v=q0dVLLyrDfg