Според последните информации, Барди веднаш по пристигнувањето во Валенсија ќе оди на детални прегледи за да се утврди каков е степенот на повредата и евентуално колку би паузирал, па во Леванте сега стискаат палци дека не станува ништо посериозно и дека евентуално би го прескокнал мечот викендов и потоа би се ставил на располагање на тренерот Пако Лопез.
Барди се пожали на бутот при еден дуел кон средина на вториот дел, но продолжи да игра и беше заменет во завршницата од мечот, но сега ќе мора прво да мине низ лекарските прегледи за да се види дали станува збор за нешто посериозно кое можеби би го оддалечило подолго од терените.