Леванте не успеа да го задржи водството и остана на дното на табелта.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра маестрално, а после само седум минути му асистираше на Шкодран Мустафи да даде гол за водство на Леванте, па после едно полувреме навивачите на овој клуб се понадеваа дека конечно е дојден моментнот за да се скрши мразот и да се запише првата победа.

Но така не мислеше Хуанми и со три гола за девет минути направи пресврт. Со оваа победа „зелено-белите“ дојдоа до 27 бода и четврто место во моментов во Ла Лига.

Леванте остана последен со само седум бода од седум ремија и без победа.