Италијанскиот првак Наполи оствари убедлива победа од 4-0 на гостувањето кај Лече.Нашиот Елиф Елмас остана на клупата на овој натпревар, а Виктор Осимен повторно даде гол.

Се чини дека додека Руди Гарсија е тренер на Наполи, Елиф Елмас нема да се изнаигра, барем таков е впечатокот по седум одиграни кола во Серија А. На денешниот натпревар македонскиот фудбалер воопшто и не влезе од клупата за резерви.

На клупата беше и Осимен, но напаѓачот влезе на почетокот на вториот дел и постигна гол за предност од 2-0. Тој е стрелец на два меча по ред откако се налути поради ТикТок видеата кои ги пласираше клубот.

Резултатот го отвори Остегард во 16. минута, третиот гол беше дело на Гаетано во 88. минута, по само пет минути откако влезе во игра. Конечните 4-0 за Наполи ги постави Политано од пенал во судиското продолжение.

https://twitter.com/i/status/1708123700040446361