Повремениот македонски репрезентативен голман, Дени Илиев, ќе ја продолжи кариерата во тимот на фински Хелсинки. Тој потпиша едногодишен договор, со опција за продолжување за уште една дополнителна сезона.
Дени Илиев беше суперталентиран младинец и од Беласица замина во младинската академија на Арсенал, но не доби шанса да заигра за првиот тим. Тој играше на неколку позајмици, беше член на Јагелонија, Серед, Шревсбери, Орион, Тренчин.
Сега ќе се обиде да се наметне на голот на Хелсинки.
https://twitter.com/hjkhelsinki/status/1623321859746938884?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1623321859746938884%7Ctwgr%5Ea93b74f445ba56af72de0802381a5de9aa13a120%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfudbal.mk%2Fdeni-iliev-potpisha-za-helsinki%2F