Вечерва со осум натпревари, во групите Е, Ф, Г и Х, продолжуваат возбудувањата во УЕФА Лигата на Шампионите. За нас најинтересно би требало да биде да видиме како ќе одиграат нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми и тоа во дресот на Динамо Загреб против Салцбург. Мечот започнува од 21 часот а се игра на распродадениот “Максимир“ во Загреб. На “модрите“ им треба победа.

Секако дека дербито на вечерта се игра на „Сан Сиро“ каде силите ќе го одмерат гигантите Милан и Челзи.

Mанчестер Сити и Ерлинг Халанд одат по нов триумф кај Копенхаген. Реал Мадрид му гостува на Шахтјар.

ГРУПА-Е

Милан – Челзи (21:00)

Динамо Загреб – Салцбург (21:00)

ГРУПА-Ф

Селтик – Лајпциг (21:00)

Шахтјар – Реал Мадрид (21:00)

ГРУПА-Г

Дортмунд – Севилја (21:00)

Копенхаген – Манчестер Сити (18:45)

ГРУПА-Х

Макаби Хаифа – Јувентус (18:45)

ПСЖ – Бенфика (21:00)