Барселона лесно и убедливо со 5-0 ја елиминира третолигашката екипа Сеута од Купот на Шпанија. Стрелци за Каталонците беа Рафиња, Левандовски (два), Ансу Фати и Кеси, кој имаше и две асистенции.
Левандовски сега има голови за Барса во четири различни натпреварувања, а неговиот погодок за 2-0 беше 1.500-ти за Барселона во Копа дел Реј.
Најдобар меч досега одигра летното засилување Франк Кеси со гол и две асистенции.
Сеута ѝ одолеа 40 минути на каталонската гордост, пред Рафиња на асистенција на Кеси да донесе водство за Барса, а во вториот дел и да ги разнесе. Роберт Левандовски пет минути во вториот дел ја зголеми предноста на втора асистенција на Кеси. Ансу Фати во 70-та даде трет гол после додавање на Жорди Алба, за Кеси во 77-та со гол да стави печат на својот одличен настап. Левандовски со втор гол во 90-та ја завери убедливата победа.
Вчера и завчера шест четвртфиналисти веќе обезбедија место и тоа Реал Сосиедад, Севилја, Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао, Валенсија и Осасуна. Последниот патник ќе го даде дербито на рундата Вилјареал – Реал Мадрид, меч кој се игра од 21 часот и на полувреме води „жолтата подморница“ со 2-0.