Аргентина го победи Еквадор со минимални 1:0 во квалификациите за следното СП, а човек на одлука повторно беше Лионел Меси.
„Гаучосите“ долго чекаа за првиот погодок на оваа средба, а го постигнаа во 77. минута и тоа на атрактивен начин преку својата најголема ѕвезда.
Меси изведе слободен удар упатувајќи удар кој беше неодбранлив за голманот Галиндез, па донесе големо славје за фановите на „Монументал“ во Буенос Аирес.
Ова беше прв настап и прва победа за Аргентина во квалификациите за СП 2026, а Меси го израмни рекордот на Луис Суарез за најмногу голови (29) во јужноамериканските квалификации за СП.