Манчестер јунајтед и ПСЖ се подготвени да ја искористат слабата финансиска ситуација на Каталонците и да се обидат да го купат Де Јонг. Неговата цена изнесува околу 80 милиони евра, а двата гиганти без проблем би го платиле обештетувањето.
Новиот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг одлично го познава Де Јонг, бидејќи заедно работеа во Ајакс, а ПСЖ бара класичен плејмејкер, бидејќи можно е Марко Верати да го напушти Париз летово.
Барселона ќе има големи потешкотии да го задржи својот фудбалер.