Натпреварот меѓу Удинезе и Рома е прекинат при резултат 1-1 во финишот откако фудбалерот на гостите Еван Ндика имал срцев удар. Лекарските екипи се обидуваат да му помогнат, да го анимираат и да го одведат во болница.

Дуелот е прекинат при резултат 1-1 и нема да продолжи вечерва, а најважен во овој момент е животот на младиот фудбалер на Рома.