Килијан Мбапе се обидува да остане мирен и да не дава јасни сигнали за својата фудбалска иднина, а шпанската и француската јавност веќе на големо пишуваат за трансферот кој сите го најавуваат, според кој напаѓачот ќе си го оствари сонот и ќе потпише за Реал Мадрид.
Во разговорот за аргентински „Оле“, Хавиер Тебас како претседател на Ла Лига повторно говори за трансфер како да е веќе реализиран, па дури и откри на колку години е потпишан договорот.
– Мбапе ќе игра во Реал наредната сезона. Тој е еден од најдобрите во светот, но истото важи и за Винисиус и Белингам. Реал Мадрид ќе има неверојатен тим, но тоа не е гаранција за освојување титули.
– Мбапе ќе има пет шанси да ја освои Лигата на шампионите со Реал. Ако сте потпишале договор на пет години, тоа значи дека ќе имате пет шанси за титулата во ЛШ со Реал, – вели Тебас.