Жирона е хит во Примера, ќе игра во ЛШ, а следните натпревари ѝ се без резултатски мотиви, освен за подобар пласман на табелата. Во рамки на 36. рунда, тимот дома изненадувачки загуби од Виљареал (0-1).

„Жолтата подморница“ е на осмо место на табелата и може да се надева на место во еврокуповите, но за тоа ќе биде потребен кикс на Реал Сосиедад кој игра дома со Валенсија. Мечот во Барселона понуди еден гол во мрежите, во второто полувреме.

Единствен стрелец на натпреварот беше Бертранд Траоре. Напаѓачот на Виљареал реализира во 59. минута и успеа да постигне гол првенец во жолтиот дрес. За пофалба е и одбраната на „жолтата подморница“ која беше перфектна и се одбрани од над 20 шута на противничките играчи.

 

Виљареал во следното коло ќе игра дома против Реал Мадрид, додека Џирона гостува кај Валенсија.