Жозе Мурињо е кандидат за преземање на Пари Сен Жермен, објавија Telegraph и talkSPORT. Маурицио Покетино би требало да добие отказ многу брзо, а парижаните размислуваат за португалскиот стручњак кој минатата сезона ја мина како тренер во италијанска Рома.
Да потсетиме, ПСЖ ги започна промените со ангажирање на Луис Кампос за спортски директор, откако Леонардо го напушти клубот. Се верува дека во сите овие одлуки бил вмешан и Килијан Мбапе, кој според новиот договор, покрај највисоката плата во историјата на фудбалот, добил и право да учествува во водењето на спортската политика на клубот. Тој наводно влијаел на одлуката на Насер Ал-Хелаифи, предводникот на ПСЖ, да го разреши Покетино.
Мурињо оваа сезона ја освои Конференциската лига со Рома и заврши на седмото место во Серија А. Приоритет на ПСЖ во наредниот период е да ја освои Лигата на шампионите, трофеј што Мурињо го освои во 2004 година со Порто и во 2010 година со Интер.
Да потсетиме, Пари Сен Жермен беше исфрлен веќе во осминафиналето на Лигата на шампионите оваа сезона од подоцнежниот победник , Реал Мадрид. Парижаните го добија првиот натпревар со 1:0 и водеа во реваншот со истиот резултат, но Бензема со хет-трик го однесе Реал во следната фаза од натпреварувањето.