Синот на Дејвид Бекам, Ромео Бекам, го направи своето професионално фудбалско деби во септември за американскиот третолигаш Форт Лодердејл.
19-годишниот син на легендата на Јунајтед дебитираше на како десно крило, на која играше и неговиот татко.
Првите извештаи од натпреварот беа позитивни, американските медиуми пишуваа дека одиграл многу добар натпревар, а потоа Скај Спортс објави видео од неговото деби.
Освен што видеото трае само 28 секунди, на него не се прикажани некои забележливи потези освен два неуспешни центаршутеви.
Коментаторите го исмеваа младиот Бекам, а тој оттогаш собра шест настапи за Форт Лодердејл, главно како замена кој влегува во последните 20 минути од натпреварот.
И покрај тоа што не се восхитуваат на неговите фудбалски вештини, Ромео најде начин добро да ги наплати своите услуги. Неодамна потпиша спонзорски договор од 1,4 милиони американски долари со Пума, со што неговата вкупна заработка во Форт Лодердејл, кога платите и другите договори што ги потпиша за играње фудбал, се искачи на околу четири и пол милиони долари.