Поранешниот шпански првак и куп-освојувач Валенсија го преживеа жешкиот „Сан Мамеш“ во баскиската престолнина Билбао, откако успеа да се избори за реми 1-1 во првиот полуфинален меч со Атлетик Билбао во Копа дел Реј.
„Љиљаците“ го оставија отворено прашањето за финале, па на својата „Местаља“ ќе ја имаат шансата да се изборат за меч за трофејот, ако успеат да победат, а вечерва херој беше Уго Дуро со голот на средина од второто полувреме (65-та минута), кој донесе израмнување откако Атлетик со голот на Раул Гарсија поведе по 37 минути игра.
Бетис вчера го победи Рајо Валјекано во Мадрид со 2-1 и направи голем чекор кон финалето.